Индустриското производство поголемо пет отсто

Bez autora
Mar 08 2011

Индустриското производство во јануари годинава бележи пораст од пет отсто, споредно со јануари 2010 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 2,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија од 8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 4,8 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јануари 2011 година во однос на јануари 2010 година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија - 16,8 отсто, капитални производи - 73,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка - 19,5 отсто, додека опаѓање има кај енергијата за 6,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

Индустриското производство поголемо пет отстоИндустриското производство во јануари годинава бележи пораст од пет отсто, споредно со јануари 2010 година, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 2,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија од 8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 4,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2011 година во однос на јануари 2010 година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија - 16,8 отсто, капитални производи - 73,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка - 19,5 отсто, додека опаѓање има кај енергијата за 6,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik